петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Шеикот ја поздрави бразилската навивачка, тоа не ѝ се допадна на жена му (ВИДЕО)

Шеикот ја поздрави бразилската навивачка, тоа не ѝ се допадна на жена му (ВИДЕО)

Во текот на натпреварот меѓу Бразил и Швајцарија (1:0) дојде до необична ситуација во свечената ложа.

Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани во еден момент весело ѝ мавна на една бразилска навивачка која ја снимаше публиката, но тоа не му се допадна на неговата сопруга.

Видеото од реакцијата на Моза бин Насер брзо се рашири на социјалните мрежи и предизвика различни коментари.

Шеикот Хамад бин Калифа ал Тани е поранешен катарски емир, а неговото богатство се проценува околу 2 милијарди долари.

На неговата сопруга Моза не ѝ се допадна потегот кој го виде како флерт на сопругот со навивачката, па буквално го пресече со погледот. Потоа, ѝ таа мавташе со раката. Моза важи за една од најдобро облечените жени во светот. Уште на почетокот од СП во Катар одушеви со изгледот.

И додека на емирот по ова сигурно не му било многу забавно, корисниците на социјалните мрежи брутално се забавуваа на негова сметка. А, можеби некои од нив и од личното искуство.

„Мислам дека нема да биде толку насмеан кога ќе си дојде дома“, е најчестиот коментар.

На интернет се појавија и монтажи од моментот.