Тимот на Саудиска Арабија вчера го приреди најголемото изненадување, и ја совлада селекцијата на Аргентина. Победата не остана во сенка на тешката повреда на Јасер Ал-Шахрани кој при еден дуел имаше жесток судир со својот голман Ал Оваис, и заработи удар во главата од коленото на чуварот на мрежата.
Веднаш падна на земја, а голманот беше во шок после она што се случи. Ал Шахрани веднаш е однесен во болница, а прегледите покажаа дека во прашање е тешка повреда, и дека Мундијалот за него е веќе завршен.
Ал-Шахрани добил скрешници на вилицата и на неколку коски на лицето, а имал и внатрешно крварење. Снимките од ултразвукот покажаа дека ситуацијата е алармантна, и веднаш ќе му биде направена операција, но дека не е во животозагрозувачка состојба.
Од таборот на Саудиска Арабија соопштија дека нивниот играч ќе биде под медицински надзор следните денови.
X-rays scan shows that Saudi Arabia’s player Yasser Al-Shahrani has suffered a fractured jaw and facial bones.
Yasser need rapid surgery due to internal bleeding.
Speedy recovery to him. 💔😭#Qatar2022 #WorldCupwithMicky pic.twitter.com/1RoVtdfW7e
— #Qatar2022 ✪ (@MickyJnr__) November 22, 2022