петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Силна експлозија остави само надворешни ѕидови на станбена зграда во Бремен, тројца загинати

Силна експлозија остави само надворешни ѕидови на станбена зграда во Бремен, тројца загинати

Три лица загинаа во силна експлозија, која речиси уништи еден блок од станови во германскиот град Бремен, информираат службите за итни случаи.

Телата на 41-годишна жена и нејзиниот 7-годишен син биле пронајдени во урнатините. Експлозијата изби во 4:30 по локално време, соопшти полицијата.

Во пожарот настрада и седумдесетгодишна жена од соседната зграда.

–  Експлозијата беше толку моќна што ги уништи внатрешните ѕидови и ги остави само надворешните, изјави портпаролот на противпожарната служба, Михаел Рихартц.

Автомобилите околу зградата настрадаа од парчињата кои се расфрлаа од експлозијата.

– Мислев дека паднал авион, изјави еден сосед на загинатите жени.

Засега не е позната причината за експлозијата, иако властите се сомневаат дека е истекување на гас.

Жителите на сите куќи во радиус од 100 метри од експлозијата се евакуирани. Околу 70 пожарникари се активирани.

МИА