понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Смолов ја прифати понудата на Вест Хем

Смолов ја прифати понудата на Вест Хем

Рускиот фудбалер Федор Смолов се согласи да оди во Вест Хем, објавија англискиоте медиуми.

Според „Скај Спортс“ премиерлигашот ќе му плати 17 милиони евра на Краснодар за да го добие потписот на 27-годишниот напаѓач.

Уште во декември, тренерот на Красодар Игор Шалимов призна дека очекувал Смолов да оди во Англија и побара клубот да бара замена за него.

Смолов има постигнато 59 гола во 90 натпревари за Краснодар и 11 за руската репрезентација на 28 одиграни натпревари во дресот со националниот грб.