Бразилците имаат загриженост пред мечот со Србија на првиот меч на Мундијалот (24 ноември 20 часот). Играчот од средниот ред Бруно Гимараеш и дефанзивецот Алекс Телеш се повредија на првиот тренинг на репрезентацијата во Торино, на само неколку дена пред почетокот на Светското првенство.
Гимараеш од Њукасл се повреди на својот 25 роденден и го напушти теренот откако напаѓачот Родриго му згазна на ногата! Сепак, тој се врати десет минути подоцна, но со болна гримаса на лицето! Телеш, пак, се повреди од Нејмар и веднаш му беше укажана лекарска помош. Селекторот на Бразил Тите дури во еден момент го прекина тренингот и им нареди на играчите да престанат со со груби стартови.
Бразилците тренираат во кампот на Јувентус каде што ќе тренираат до сабота кога заминуваат за Катар.