Тренерот на Интер, Лучано Спалети, изјави дека неговиот тим не бил доволно добар против Јувентус и затоа бил поразен од 0:1. Марио Мандјукиќ беше прецизен за „бјанконеите“ во 66-тата минута за да донесе успех синоќа во Торино во „Дерби д’Италија“.
– Натпреварот беше токму она што го очекувавме. Имаше моменти кога бевме под притисок и моравме да се бориме со десет луѓе зад топката. Имаше ситуации во кои можевме подобро да реагираме. Се разбира, кога некој ќе поведе во резултатот, тој има предност. Сепак, направивме прилично евтини и банални грешки. Тие ја направија разликата. Дефинитивно Јувентус беше попаметниот тим, и ние бевме наивниот, рече Лучиано Спалети.
Тој потоа се осврна на играта на капитенот на тимот и најдобар стрелец, Мауро Икарди поради фактот дека немаше упатено рецизен шут гон голот на домаќините.
– Икарди направи тоа што требаше да направи. Тој трчаше многу и се бореше. Знам дека немаше удар кон голот на Јуве, но тој содаде многу простор за другите што не го искористија. Нивниот гол дојде откако линијата на одбрана не беше добро организирана. Ова ги олесни работите за нив, рече тренерот на „нероазурите“.(МИА)