Поранешниот италијански репрезенттаивен голман и актуелен спортски директор на калчолигашот Рома, Морган де Сантис, е пренесен синоќа во болница во Рим, со повреди во тешка сообраќајна несреќа, јавија италијанските медиуми.
„Фудбал Италија“ (Football Italia), повикувајќи се на болнички извори, објави денеска дека Сантис е опериран и оти лекарите дијагностицирале фрактура на ребрата и повреди во пределот на главата.
Сантис во кариерата шестпати го бранеше голот на италијанската репрезентација, а на клупски план беше член на Рома, Наполи, Удинезе, Јувентус и Монако.