Ромелу Лукаку е во шок по елиминацијата на Белгија од Мундијалот, пишуваат италијанските медиуми. Напаѓачот на Интер беше трагичарот на Белгија во натпреварот од 3. коло од групата Ф против Хрватска (0:0). Лукаку пропушти пет големи шанси и не успеа да ја одведе својата репрезентација во осминафиналето.
Несоодветно подготвен Лукаку влезе во игра на полувремето, ја погоди стативата, а најдобрата шанса ја имаше во 92. минута, кога феноменалено стартуваше Јошко Гвардиол и со чист старт ја симна топката од ногата на Лукаку.
Лукаку по натпреварот го тешеа соиграчите, а во напад на бес ја скрши клупата на својата репрезентација.
„Срцето му е скршено. Требаше да замине на одмор по првенството, но го откажа. За три дена ќе се врати во Интер и ќе почне да тренира за што побрзо да влезе во вистинска форма“, пишува Газета дело Спорт.
Лукаку имаше многу проблеми со повреди откако се врати во Интер од Челзи. Не започна ниту еден натпревар за Интер оваа сезона и се обидуваше некако да се реабилитира за Светското првенство. Воопшто не играше против Канада, а против Мароко и Хрватска влезе од клупата за резерви.