Винсен Абубакар очигледно не беше многу разочаран откако доби црвен картон во финишот на мечот помеѓу Камерун и Бразил, откако во 91. минута го даде победничкиот гол за 1:0 триумф над Бразил, триумф кој беше бесцелен, бидејќи Камерун испадна од Мундијалот.
Абубакар лудо го прославуваше голот, добивајќи жолт картон, кој му беше втор на натпреварот и му беше покажан патот кон соблекувалната. Инаку, ова е прв гол кој Бразил го прими на овој Мундијал.
Lmao @ the ref smiling and shaking Aboubakar's hand then sending him off pic.twitter.com/T7U0QZLNFL
— Devan (@DevanUTD) December 2, 2022