Здружението на професионални фудбалски судии во Премиер лигата го суспендираше денеска помошникот арбитер Константин Хацидакис, кој за време на вчерашниот натпревар во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Арсенал со лакт го удри играчот на домашната екипа Ендру Робертсон.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа моментот кога Хацидакис со лакт го удира Робертсон во пределот на вратот додека играчите од двете екипи, како и судиите се движат кон соблекувалните на „Енфилд Роуд“.
Хацидакис нема да биде делегиран за натпреварите во организација на англиската Федерација додека не заврши истрагата во целост.
Дербито меѓу Ливерпул и Арсенал заврши нерешено 2-2.