Ерик тен Хаг, предводникот на Ајакс, изјави дека не ја исклучува можноста да се пресели во Манчестер Јунајтед по завршувањето на оваа сезона. Сепак, тој истакнува дека моментално е фокусиран само на Ајакс и на претстојниот натпревар против големиот ривал ПСВ Ајндховен.
„Во моментов сум фокусиран на Ајакс, но во фудбалот никогаш ништо не се знае. Не сакам ништо да исклучувам. Моментално сум вработен во Ајакс. Има уште многу до крајот на сезоната и за тоа ми треба целата моја енергија. Сè друго би ми пречело во работата“, изјави Тен Хаг.