Англиските медиуми тврдат дека новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг по секоја цена го сака да го донесе на „Олд Трафорд“ играчот од средниот ред на Барселона, Френки Де Јонг.
Двајцата имаа успешна соработка во Ајакс, а холандскиот стручњак многу го цени својот сонародник, за кого Барселона во 2019 година на Ајакс му плати 80 милиони евра.Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди двајца играчи во форма на размена. Станува збор за Марска Рашфорд и Алекс Тељес.
Рашфорд не го крие дека е незадоволен од статусот што го има во клубот, неколку клубови се заинтересирани за него. Телес е целосно во втор план откако пристигна од Порто, а прашање е колку играч со неговите квалитети ќе биде интересен за тренерот на Барселона Чави.