Манчестер јунајтед вчера претрпе пораз (3-1) на гостувањето кај Астон Вила, а изненадувачки, со оглед на недоразбирањата во изминатиот период, Кристијано Роналдо беше стартер и ја носеше капитенската лента за „црвените ѓаволи“.
Сепак, Ерик тен Хаг објасни дека Португалецот всушност е петтата опција за капитен на тимот, но вчера морал да ја добие лентата.
„Мегвајер беше на клупата, Бруно Фернандеш не играше, а помислив и Де Хеа да ја носи лентата бидејќи е вистински лидер. Сепак, тој е голман и е далеку од останатите фудбалери. Мислев да го одредам и Кашемиро за капитен, но тој се уште не зборува добро англиски јазик и затоа одлучив да му ја дадам лентата на Роналдо“, изјави Тен Хаг.