Тијаго Силва, исто како и другите членови на бразилската фудбалска репрезентација, е многу разочаран по вечерашната елиминација од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство 2022. Силва го играше последниот Мундијал во кариерата и не успеа да додје до посакуваниот трофеј.
-За жал, како играч нема да можам да го подигнам овој пехар. Кој знае, можеби подоцна, во друга улога, изјави капитенот на бразилската репрезентација во интервју за „ТВ Глобо“.
Бразилците загубија од Хрватска на пенали (1:1, 2:4).
-Моравме да постигнеме повеќе голови, без разлика на противникот. Хрватска е одлична репрезентација. Не сме навикнати на вакви контранапади. Мислам дека игравме неорганизирано, додаде Силва. (МИА)