вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Тиаго Силва: Селекторот на Србија покажа непочитување кон нас

Тиаго Силва: Селекторот на Србија покажа непочитување кон нас

Искусниот стопер на бразилската фудбалска репрезентација Тиаго Силва, по мечот со Србија изјавил дека го навредила изјавата на селекторот на Србија Драган Стојковиќ за квалитетот на одбраната на Бразил.

„Не сакам многу да зборувам, да бидам контроверзен, но нивниот тренер рече ’ќе играат со четворица напаѓачи, ќе има ли некој во одбрана?’. Ова е недостиг на почит. Не бараме никој да се плаши од нас. Но, респект треба да има. Да го анализирате нашиот тим, ќе видите дека примивме многу малку голови, без разлика дали игравме со тројца или четворица во последната линија“, вели Тиаго.

„Не сакам премногу да зборувам за нашите противници, бидејќи сите ги почитуваме. Но, мислам дека тој не не почитуваше, особено одбранбениот дел. Мислам дека знае кои се Маркињос, Данило, Алекс Сандро, Тиаго Силва“, заврши дефанзивецот на Челзи.