четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем без половина тим поради проблем со коронавирус

Тотенхем без половина тим поради проблем со коронавирус

Лондонски Тотенхем се соочува со огромен предизвик поради големиот број на фудбалери заразени со коронавирус.

Според најновите информации, мечот кој англискиот тим го игра в четврток со екипата на Рен во рамките на последното коло од групната фаза во Конференциската лига, нема да биде одложен.

Според правилата на УЕФА, екипата мора да има 13 играчи на располагање, вклучително и голмани, со цел мечот да се одржи.

На последниот тест позитивни беа Бен Дејвис, Кристијан Ромеро, Лукаш Моура и Хеунг Мин Сон, додека од минатата недела се заразени Емерсон Ројал и Брајан Хил. Не е исклучено до мечот да се појави и уште некој играч заразен со Ковид-19.