понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Tренерот на Ѕвезда откри што разговарале со Пеп после натпреварот

Tренерот на Ѕвезда откри што разговарале со Пеп после натпреварот

Вниманието на српските медиуми и навивачите на Црвена Ѕвезда го привлече тоа што по натпреварот Манчестер Сити – Звезда (3:1) во првото коло од Лигата на шампионите, тренерот на гостите Барак Бахар долго разговараше со Пеп Гвардиола.

„По мечот зборувавме за добри ресторани во Манчестер, а потоа за вино во Белград, да пиеме добро вино во главниот град на Србија“, откри израелскиот стручњак.