Крилниот напаѓач на Баерн, Лерој Сане беше прогласен за најдобар играч на клубот во ноември. Дваесет и петгодишниот фудбалер на Баварците доби 44% од гласовите во анкетата на навивачите.
Роберт Левандовски го освои второто место (22%), трет е Томас Милер (10%).
Сане беше најдобар играч на Баерн и во септември и октомври.
На пет натпревари во ноември, Сане постигна два гола и направи две асистенции. (МИА)