Некогаш браќа, Леонардо Бонучи беше омилен лик во соблекувалната на Јувентус, а потоа одлучи да замине во Милан. Во римското финале од купот меѓу Јувентус и Милан, Марио Манџукиќ не сакаше ниту да го погледне на теренот.
Погладен од било кога порача Леонардо Бонучи во средината на јули минатата година, кога од Јувентус во изненадувачки трансфер премина во Милан.
После седум години служење во Јувентус, стана капитен на Милан и одлучи да ги поведе кон нови успеси со својата глад.
Сепак, после вчерашното финале не остана сит затоа што неговиот поранешен тим го декласираше со 4:0 во Рим. Таму италијанскиот стопер имаше проблеми со својот колега, Марио Манџукиќ.
Хрватскиот репрезентативец играше сам во нападот и константно го „матретираше“ Леонардо и неговиот колега Алесио Ромањоли, а бидејќи Јувентус во второто полувреме брзо резултатот од 0:0 го направи 4:0 и го освои својот 13-ти куп, нервозата кај Бонучи само растеше и растеше.
Mandzukic vs Bonucci #JuveMilan pic.twitter.com/PPSLygI9GF
— JuPorn™ (@jup1897) May 9, 2018
Во неколку ситуации се буткаа па Бонучи сакаше пријателски да се поздрави, меѓутоа кај Марио тоа не поминува на теренот, каде со противникот е само непријател.
Навивачите на Јувентус се воодушевени со гестот на Манџукиќ, го сметаат тоа како израз на љубов кон клуб, бидејќи Бонучи е тој што замина, по своја волја, во редовите на лутиот спортски ривал.
Последниве недели се пишуваше за воодушевувањето на Гатузо од кариерата на Манџо. Марио е голема желба на миланскиот клуб, но тешко е да се верува дека ако замине од Јувентус после 3 години и 6 освоени трофеи, тоа би било во Милан, баш кога останува уште само официјално да го освои своето трето Скудето, својот 21-ви трофеј во кариерата.