петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Три понуди за Роналдо стигнале во Реал

Три понуди за Роналдо стигнале во Реал

Реал Мадрид доби три понуди за својата суперѕвезда Кристијано Роналдо, објави „Дон Балон“. Интерес за Португалецот пројавиле Челзи, ПСЖ и ЛА Галакси.

Според информациите Роналдо веднаш ја отфрлил понудата од американскиот клуб, а за другите две требало да се дебатира.

Весникот тврди дека постојат тензии меѓу Кристијано и претседателот на на клубот Флорентино Перез.

Играчот не е задоволен од трансфер политиката на својот шеф. Покрај тоа, Роналдо не е задоволен што неговата плата е далеку помала од примањата на Нејмар и на Меси.