петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трогателна средба на Зинченко и Миколенко на Гудисон Парк (ВИДЕО)

Трогателна средба на Зинченко и Миколенко на Гудисон Парк (ВИДЕО)

Евертон и Манчестер Сити во моментов го играат натпреварот од 27. коло во англиската Премиер лига.

Натпреварот од Гудисон беше во центарот на вниманието бидејќи играчите и навивачите пред натпреварот дадоа поддршка на народот во Украина и побараа што поскоро да се стави крај на војната што ја започна Русија.

Сцената која го обиколи светот се случи на загревањето, а во центарот на вниманието беа двајца украински репрезентативци.

По напуштањето на загревањето, Олександр Зинченко веднаш му пријде на својот сонародник Виталиј Миколенко кој настапува за Евертон. Нивната прегратка допре многумина, а јасно е колку им е тешко да не се во татковината. Исто така, фановите на Гудисон го поздравија сето тоа.