Фудбалскиот сојуз на Турција поднесе денеска до Европската фудбалска унија (УЕФА) кандидатура за организација на Европското првенство во 2024 година.
Претседателот на фудбалскиот сојуз, Јилдирим Демирорен рече дека оваа понуда е најдобрата понуда од Турција некогаш.
Турција заедно со Грција го сакаше ЕУРО 2008, а потоа и самостојно во 2012 и 2016 година, но таа земја никогаш не била домаќин на некое големо фудбалско натпреварување.
Единствен противкандидат на Турција е Германија.
Западна Германија беше домаќин на Европското првенство во 1988 година, а потоа како соединета го организираше Мундијалот во 2006 година.
Извршниот одбор на УЕФА домаќинот ќе го избира на 27 септември.