Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е негативен на последното тестирање. Македонската нација денеска се радува, Барди оди на Европско.
Иако пред само два дена, фудбалерот на Леванте имаше повторно позитивен тест, но тренираше индивидуално, сега таа пречка е мината, тој може колективно заедно со колегите од репрезентацијата да тренира заедно.
Веќе за осум дена го играме првиот натпревар на ЕП, а селекторот Ангеловски ќе биде тој кој ќе процени дали Барди е потполно фит и дали ќе може да го искористи за првиот меч против Австрија или пак ќе го темпира за мечот со Украина на 17-ти јуни.