среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Украинците до ФИФА: Иран е агресор, исфрлете го од Мундијалот

Украинците до ФИФА: Иран е агресор, исфрлете го од Мундијалот

Фудбалскиот клуб Шахтјор од Доњецк, преку својот директор Сергеј Палкин, и официјално денеска од ФИФА побара да се исфрли селекцијата на Иран од претстојниот Мундијал. Она што го побараа дел од некогашните репрезентативци на таа земја и дел од јавноста на Иран но од други причини, сега ова го бараат и Украинците.

Поради тоа е барањето.

Додека иранските лидери ќе се забавуваат како тоа нивната селекција игра на СП, нивните дронови и ракети ќе убиваат Украинци. Затоа бараме Иран, кој е агресор, да се исфрли од СП а на него да игра Украина, тоа историски би била оправдана одлука. Иран зема директно учество со терористички акции во оваа војна против нашата земја“ изјавил Палкин.