Дајот Упамекано е еден најбараните фудбалери од одбраната во Европа и сигурно дека оваа лето ќе си замине од Лајпциг
Французинот има откупна клаузула од 42,5 милиони евра, а неколку клуба се спремни да ја платат таа сума, пред се Баерн Минхен.
Лајпциг е свесен дека на лето ќе остане без Упамекано, па веќе ја започна потрагата по негов наследник.
Француските медиуми тврдат дека „биковите“ постигнале договор со Стразбур за трансфер на Мохамед Симакан.
Симакан важи за еден од најголемите француски таленти и беше на мета на Милан, а за 15 милиони евра ќе се пресели во Лајпциг.