Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, доживеал непријатно искуство со еден навивач на прваците на Англија.
Имено, Гвардиола не изгледал воопшто импресионирано кога неговото возење велосипед во доцните часови било прекинато од „нападен“ навивач кој сакал да се фотографира со него.
Кога го здогледал Шпанецот на велосипед, тој започнал да вика со желба да го запре. Но, Гвардиола продолжил да вози што очигледно не му се допаднало на навивачот кој започнал да го брка на својот велосипед.
Pep was deffo scared💀 pic.twitter.com/spp9L8d7HY
— 🌫🪙 (@MrK_MCFC) July 10, 2022
На видеото кое стана хит на интернет се гледа како тренерот врти на една уличка во Манчестер, а навивачот стигнува до него викајќи: „Еј Пеп, дај да се фотографираме!“.
Гвардиола продолжил да вози, но момчето не се предало и продолжило по него со гласни пораки: „Не не, застани. Мораш да го видиш ова“.
Пеп на крајот попуштил и застанал на крајот на улицата, а обожавателот уште еднаш го замолил за фотографија на што Шпанецот се согласил со очигледно незадоволство на лицето.
Не е познато кога настанало видеото, но истото беше објавено изутринава. Гвардиола и неговиот тим моментално се наоѓаат во САД каде се подготвуваат за новата сезона и одбрана на титулата во Премиер лигата, но и за „напад“ на посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.