четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Управата на Сити подготвува 100 милиони евра за големата желба на Пеп Гвардиола

Управата на Сити подготвува 100 милиони евра за големата желба на Пеп Гвардиола

Како што јавуваат медиумите од Англија, истите средства остануваат на располагање за трошење и клубот планира да ги инвестира во ѕвезда на Барселона.

„Граѓаните“ успеаја да го донесат Матео Ковачиќ од Челси само два дена по заминувањето на Гундоган, но водечките директори на европскиот шампион се подготвени да му исполнат и една долгогодишна желба на Пеп Гвардиола.

Таблоидот „САН“ пренесува дека Сити има дадено зеленот светло за испраќање официјална понуда до Френки Де Јонг, фудбалер кој Гвардиола го сакаше во своите редови уште во 2019-та година кога беше дел од Ајакс.