петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ван Нистелрој: Уште од самиот почеток, CR7 знаеше што сака

За Ван Нистелрој се знае дека своевремено не бил фан на CR7, кога Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2003 година. Сепак, тој признава дека е врвен фудбалер.
Ван Нистелрој: Уште од самиот почеток, CR7 знаеше што сака

Руд ван Нистелрој, поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, а потоа во Реал Мадрид искажа пофалби за Португалецот по одличните партии во последно време.

-Игра неверојатно, неговите голови се навистина добри, но оној со ножици не беше од оваа планета. Висината на која Кристијано го погоди овој шут е неверојатна, рече Нистелрој.

Во вторникот, Роналдо го изедначи рекордот на Холанѓанецот со погодок на девет последователни натпревари во Лигата на шампионите.

За Ван Нистелрој се знае дека своевремено не бил фан на CR7, кога Португалецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2003 година. Сепак, тој признава дека е врвен фудбалер.

-Кога Кристијано дојде во Јунајтед беше младо момче, но потоа знаеше што сака да направи. Тој ни кажа: „Сакам да бидам најдобар на светот”. Во почетокот мислевме тоа е во ред, млад е и сонува, изјави Ван Нистелрој.