четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Веб: Арсенал и Брајтон беа оштетени

Веб: Арсенал и Брајтон беа оштетени

Судиската организаја во Англија на чие чело е познатиот некогашен арбитар, Хауард Веб, призна дека имало неточни ВАР одлуки на два од вчерашните мечеви кои директно влијаат на конечниот резултат.

Брајтон и Арсенал се оштетените екипи, во дуели против Кристал Палас и Брентфорд. Двата меча завршија со резултат 1:1.

На дуелот меѓу Кристал Палас и Брајтон е утврдено дека судиите во ВАР собата направиле превид и погрешно ги нацртале линиите, кога во 32 минута беше поништен гол за Брајтон. Доколку тој погодок беше регуларен, многу лесно можеше да се случи гостите да победат.

На дуелот меѓу Арсенал и Брентфорд, Топчиите киксираа пред своите навивачи и одиграа само 1:1, а погодокот на гостите бил постигнат од сомнителна ситуација.

Иван Тонеј погоди за Брентфорд, а судиите во ВАР собата заборавиле да повлечат линија како што треба да позицијата во која се наоѓал стрелецот на израмнувачкиот погодок.