Рома не можеше полошо да го почне натпреварот со Верона и прими дури три гола во првото полувреме, но еден беше поништен поради офсајд и резултатот на паузата гласеше 0:2.
Домашниот тим изгледаше навистина загубено во првите 45 минути и гостите заслужено водеа со головите на Барак и Тамезе. Жозе Мурињо ги погоди „џокерите“ и беше спасен од двајцата играчи кои заедно имаа 37 години, односно од тинејџерите Волпато и Бове кои ги постигнаа своите премиерни голови во Серија А. Осумнаесетгодишниот Кристијан Волпато со својот прв гол намали на 1:2 во 65-та минута, додека вториот резервист Едоардо Бове погоди на пет минути пред крајот за 2:2.
19-годишниот фудбалер со одличен гол погоди за израмнување, а во френетичната завршница, Жозе Мурињо доби црвен картон.