Баерн Минхен го демолираше Дармштад со 8:0 во 9. коло од Бундеслигата во натпревар на кој имаше и три црвени картони.
Баварците ги постигнаа сите голови во второто полувреме од кои три беа дело на Хари Кејн. Англискиот репрезентативец успеа да му донесе водство на Баерн од 5:0 во 69. минута постигнувајќи гол од сопствената половина и со ова ќе конкурира за гол на сезоната во Германија.
Good lord pic.twitter.com/FXGbPwC0RV
— Paul O Keefe (@pokeefe1) October 28, 2023
Кејн со постигнатиот хет-трик се зацврсти на второто место на листата стрелци во Бундеслигата со 12 постигнати голови по девет рунди.