петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Камерун го казни Бразил и слави со фаворитот на СП!

ВИДЕО: Камерун го казни Бразил и слави со фаворитот на СП!

Фудбалерите на Камерун приредија сензација и го победија големиот Бразил со 1-0 (0-0), во последното коло од групата Г на Светското првенство во Катар. Иако бразилскиот тим доминираше и имаше безброј шанси, во финишот на натпреварот прими гол, кој им донесе пирова победа на Камерунците.

Селекторот Тите целосно го измени составот од претходните натпревари. Едерсон застана меѓу стативите, во одбраната беа Бремер и Милитао, додека бекови Дани Алвес и Тељес. Средината на теренот ја зазедоа Фабињо и Фред, а по страните Мартинели и Ентони. Во нападот шанса добија Родриго и Габриел Жезус, додека на спротивната страна Камерунците играа со сите расположливи сили.

Првата закана за Бразилците ја имаше Габриел Мартинели, откако со глава биеше по центаршут, а голманот Епаси одбрани. Првото полувреме мина во мирно темпо, за во финишот да има уште возбудувања на двете страни. Мартинели одново имаше шанса која голманот на Камерун ја одбрани, додека Едерсон беше тестиран од Мбеумо.

Видеото погледнете го ТУКА

Второто полувреме тргна со шанса на Винсен Абубакар, кој биеше крај бразилскиот гол. Доминацијата на Бразил беше залудна, одбраната на ривалот беше компактна и ги одбиваше налетите. Уште една можност имаше Мартинели кој одново изнуди одбрана на Епаси. До крајот следеа доста промени на двете страни, Бразилците продолжија да притискаат, ама не дојдоа до погодок. Казната за доминацијата без голови дојде во продолжението, бидејќи Винсен Абубакар стрела за победа на Камерун, шокирајќи го големиот фаворит.

Бразил со шест бода го задржа лидерското место, Швајцарија со исто толку заврши како второпласирана, а Камерун го зазеде третото место со четири бода пред Србите со еден.