Екипата на Манчестер јунајтед ја победи Аталанта со резултат 3:2 во третото коло од Лигата на шампионите по големиот пресврт на „Олд Трафорд“.
Составот од Бергамо водеше со 0:2, а потоа Јунајтед го сврте натпреварот во своја корист во второто полувреме, а победничкиот гол го постигна Кристијано Роналдо во 81 минута за голема радост кај неговите соиграчи и навивачите.
За Португалецот тоа беше 124 погодок во својата кариера, а после дуелот знаеше како да го прослави триумфот, но имаше и сцена по која сигурно ќе предизвика лавина коментари.
Имено, еден од навивачите на Јунајтед успеа да им избега на редарите и да истрча на теренот за да стигне до Роналдо.
Споменатиот навивач стигна до Португалецот, и го замоли да му го даде дресот, но Роналдо само замавна со рацете, само малку се насмеа и го продолжи својот пат кон соблекувалната.
Not even a pitch invader can touch this Superstar. Manchester United #MUNATA #MUFC #VIVARONALDO #cr7 #Ronaldo #UCL #ChampionsLeague pic.twitter.com/mEbAfuu1ML
— Chi_AndY (@_CHICOBI_) October 20, 2021
Фото: EPA-EFE/Peter Powell