четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Видео од последниот тренинг ја открива филозофијата која ја наметнува Тен Хаг, но и една забелешка: Премногу грешки

Видео од последниот тренинг ја открива филозофијата која ја наметнува Тен Хаг, но и една забелешка: Премногу грешки

Ерик Тен Хаг почна да работи со полна пареа и бара максимум од играчите на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што недостасуваат неколку ѕвезди, а воведните тренинзи се најава каков фудбал ќе сака да наметне Холанѓанецот на „Олд Трафорд“.

Таканаречниот „тотален фудбал“ е нешто што треба напорно да се работи бидејќи е составено од ултра офанзивен фудбал со многу кратки и прецизни додавања, нешто на што веќе работи доскорашниот тренер на Ајакс.

Видеото од последниот тренинг ни отсликува каква филозфија има Тен Хаг и дека посебно внимание обврнува на вежбите со кратки и брзи додавање, но за издвојување е и една забелешка која ја има.

Новиот менаџер не остане премногу импресивен од потезите на дел од фудбалерите, па на видеото добро се слуша дека им вели дека се прават премногу грешки.

Тен Хаг има доста време пред себе за корекции, но јасно е дека го чека напорна работа бидејќи овие играчи на Јунајтед одиграа катастрофално лоша сезона под водство на Солскјер и Рангник.