Фудбалерот од средниот ред на Франција, Пол Погба, не беше задоволен што шише пиво „Хајнекен“ се најде на маса на прес-конференција по натпреварот од ЕП 2020 со Германија (1:0).
Фудбалерот дојде да разговара со новинарите и кога го здогледа шишето пиво, го зема и го стави под масата, оставајќи пред него две шишиња, со вода и со „Кока-Кола“.
¡POGBA APLICÓ UN CRISTIANO RONALDO! 😱
El mediocampista francés retiró una cerveza patrocinadora previo al arranque de la conferencia de prensa
A CR7 no le gusta el refresco y a Pogba la cerveza 👀 pic.twitter.com/cuhgxpxR8j
— La Octava Sports (@laoctavasports) June 15, 2021
За потсетување, Погба е муслиман. Оваа религија забранува употреба на алкохол.
Претходно, напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо веќе направи сличен чин. На прес-конференција пред мечот со Унгарија, 36-годишниот фудбалер ги тргна шишињата „Кока-Кола“ од пред него, оставајќи само шише со вода.