понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Роналдо „давеше“ противник, а имаше и што да им возврати на навивачите кои скандираа „Меси, Меси“!

ВИДЕО: Роналдо „давеше“ противник, а имаше и што да им возврати на навивачите кои скандираа „Меси, Меси“!

Екипата на Ал Наср е сè подалеку од шампионската титула во Саудиска Арабија, а тоа го прави Кристијано Роналдо сè понервозен и поарогантен на теренот. Во дербито на колото Ал Наср и Роналдо загубија од Ал-Хилал и направија чекор на назад во трката за трофејот, а португалскиот ас одново ги покажа своите фрустрации.

Имено, во текот на натпреварот прво шутна шише со вода, па давеше противник, за на крај со уличарски потег да возврати на скандирањата „Меси, Меси“…

Moментот кога Роналдо „давеше“ противник:

Моментот на срамниот потег на Роналдо:

Не е тајна дека Ал Наср му плаќа огромна сума на пари на Роналдо, поточно 200 милиони евра годишно, и од него очекува голови и трофеи. Но, наместо тоа, тимот заостанува во шампионската трка, а португалскиот ас сè повеќе го навлекува гневот кај навивачите.