Бразил успеа да ја победи Швајцарија и покажа дека нема да калкулира и да остава ништо на случајноста, триумф со кој „кариоките“ обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство.
Касемиро постигна навистина убав гол и со шут на прва изрежира фудбалска мајсторија во шеснаесетникот на гостите, а играчот на Манчестер Јунајтед сигурно ќе биде горд кога ќе ја види снимката од погодокот.
ВИП ложата на Бразилците во Катар беше пополнета од навистина добро познати имиња, а иако во фокусот се најдоа Роналдо Назарио и Роберто Карлос, камерата ги улови и Кафу и Кака.
Четворицата беа присутни на трибините на стадионот во Доха и во живо ги следеа случувата, но и посебно уживаа по фантастичниот гол на Касемиро.
Задоволството на нивните лица беше очигледно, насмевки во кои се пронајдоа безброј фудбалски фанови од Бразил кои сонуваат дека овој тим е зрел да дојде до шестата шампионска титула на светските првенства.
Brazil legends Roberto Carlos, Ronaldo, Kaka, and Cafu enjoyed that Casemiro screamer 🇧🇷🙌 pic.twitter.com/I9A0ihri4F
— ESPN (@espn) November 28, 2022