Конечно добра вест за Јирген Клоп и навивачите на Ливерпул, по информацијата дека постои можност капитенот Џордан Хендерсон поради повреда да го пропушти остатокот од сезоната.
Вирџил ван Дајк и Диого Жота веќе се приклучија на тренинзите во тимот по проблемите со повредите сезонава.
Ван Дајк се врати на тренинзите откако се здоби со повреда уште во октомври, од Ливерпул потврдија дека холандскиот стопер ќе тренира осамено неколку седмици за следната фаза од рехабилитационата фаза, а тој се повреди по еден директен судир со голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.
Од друга страна пак, Жота се врати на тренинзите во целосен обем почнувајќи од денеска, тој отсуствуваше од терените од 9 декември кога се повреди во ремито со Митјиланд од 1-1 во Лигата на шампионите.