вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Време е за бараж за Светско првенство: Елмас во друштво на Роналдо, Бејл, Кјелини…

Време е за бараж за Светско првенство: Елмас во друштво на Роналдо, Бејл, Кјелини…

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Палермо ќе го одигра историскиот натпревар против Италија во баражот за пласман на Светското првенство кое на крајов на годинава ќе се игра во Катар.

Вечерва покрај мечот Италија – Македонија ќе се одиграат и преостанатите баражи во европските квалификации. Една од најпопуларниот страна на социјалната мрежа „инстаграм“ „433“ објави фотографија на која ги има најголемите ѕвезди од сите репрезентации.

Па така иако поради жолти картони Ељиф Елмас нема да може да настапи на денешниот натпревар, тој на фотографијата е во друштво на Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Џорџо Кјелини.