понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жиру: „Гризи“ ми испрати одлична топка, победивме селекција која што има сè!

Жиру: „Гризи“ ми испрати одлична топка, победивме селекција која што има сè!

Францускиот голгетер Оливие Жиру, стрелецот на победничкиот гол во четвртфиналето на Мундијалот против Англија, изјави дека е горд на пласманот меѓу четирите најдобри селекции на турнирот во Катар.

„Ова е извонредно. Игравме добро во одбраната кога водевме, а за жал го направивме и тој пенал. Успеавме да бидеме опасни во неколку наврати на крајот од натпреварот. Секогаш треба да веруваш во себе.

„Гризи“ ми испрати одлична топка при голот. Многу сум горд, одигравме одличен натпревар. Го знаевме потенцијалот на оваа млада англиска генерација. Тие имаат сè, но убаво е што сега ние славиме“, изјави Жиру.

На стадионот „Ал Бајт“, Франција поведе во 17. минута со голот на Орелиен Чуамени, а израмни капитенот на Англија, Хари Кејн во 54. минута од пенал. Победата за Франција ја донесе токму Жиру со гол во 78. минута. Англија доцна имаше шанса да израмни, но Кејн промаши пенал во 84. минута.

В среда, Франција во полуфиналето ќе игра против Мароко, а претходно во вторник ќе се сретнат Хрватска и Аргентина.