петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Жиру: Меси е одличен играч, но ние нема да му дозволиме да има убава вечер

Жиру: Меси е одличен играч, но ние нема да му дозволиме да има убава вечер

Оливие Жиру го најави финалниот меч на Мундијалот против Аргентина. Франција ќе ја брани светската титула и ќе се обиде да стане третата репрезентација која успеала да слави на два последователни турнири во низа.

Францускиот напаѓач изјави дека неговата селекција ќе се обиде да му го расипе последниот мундијалски меч на Лионел Меси.

„Меси е одличен играч. Меѓутоа, ние нема да му дозволиме да ја има најубавата вечер во неговиот живот“, изјави Жиру.

Големото финале, со кое ќе се означи крај на Светското првенство во Катар, е закажано за в недела со почеток од 18:00 часот.