сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жиру: Ова е мое последно СП

Жиру: Ова е мое последно СП

Оливие Жиру е еден од играчите кој треба да има значајна улога во мисијата на Франција да остане на врвот на светскиот фудбал и во наредните четири години.

-На Мундијалот доаѓам како играч кој сигурно за последен пат ќе игра во ова натпреварување. Многу сум мотивиран, како да ми е прв пат. Сакам да уживам во секој момент. И секако сакаме да ја одбраниме титулата, -порача членот на Милан.

Оливие има одиграно 114 натпревари за Франција од своето деби во ноември 2011 година, притоа постигнувајќи 49 гола и запишувајќи 13 асистенции. Ривали за Французините во групната фаза се Австралија, Данска и Тунис.