недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жонглираше тоалетна хартија против коронавирусот- и Енис Барди се приклучи во кампањата „Седете дома“ (ВИДЕО)

Жонглираше тоалетна хартија против коронавирусот- и Енис Барди се приклучи во кампањата „Седете дома“ (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој игра во шпанскиот Леванте Енис Барди се приклучи на глобалната кампања поточно челинџ #StayAtHome што го лансираа спортистите со цел да се крене свеста на граѓаните да седат дома и да не излегуваат затоа што се доведуваат во опасност да се заразат себе си со корона вирусот, а потоа да го пренесат на другите и притоа ги потсетуваат постојано да се одржува хигиена.

Во Италија почна уште пред една недела, а сега откако вирусот почна да се шири во Шпанија и спортските работници во оваа земја порачуваат да се седи во изолација и да се излегува.

Па Енис Барди го прифати предизвикот #yomequedoencasa #StayAtHome (Јас седам дома) кои кружи меѓу фудбалерите и покажуваат вештини со жонглирање со тоалетна хартија додека рацете ги мие со средство за дезинфекција.