среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жозе Мурињо е нов селектор на Бразил?!

Жозе Мурињо е нов селектор на Бразил?!

Според „Газета дело Спорт“, Жозе Мурињо е еден од тројцата кандидати за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација.

По елиминацијата од Мундијалот во Катар, Фудбалската федерација на Бразил се раздели со Тите и тргна во потрага по нов селектор.

„Газета дело Спорт“ го смести Жозе Мурињо во кандидатите за наследник на Тите.

Португалскиот стратег во минатото изрази желба кариерата да ја заврши како селектор на некоја репрезентација.

Покрај Мурињо, италијанскиот медиум како кандидати за нов селектор на Бразил ги посочи и Абел Фереира и Луис Енрике.