вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жозе Мурињо со прогноза за осминафиналето на СП

Жозе Мурињо со прогноза за осминафиналето на СП

Жозе Мурињо ја даде својата прогноза за групната фаза на Светското првенство. Португалецот јасно вели дека навива за своите и дека очекува успех, но смета дека тие не би можеле да бидат пред Шпанците во групата Б, иако се очекува дека двете репрезентации лесно ќе се справат против Мароко и Иран.

Во групата А, Мурињо смета дека Уругвај имаше најдобар тим, дека Саудиска Арабија нема шанси, а домаќинот Русија дека е во предност во однос на Египет.

– Франција нема да имаат проблем во групата Ц, но мало изненадување е дека Австралијците ќе завршат пред Перу, и особено Данска, која се уште важи за фаворит за премин во следната рунда, вели тој.

Мурињо во групата Д ги смета Аргентинците за апсолутен фаворит е Аргентина.

Во групата Е,според него,  Бразил и Швајцарија одат напред, додека Србија останува аут од осминафиналето. Во групата Ф, Германија и Мексико се пред Шведска и Кореја.

Во групата Г, Мурињо им дава приоритет на Англичаните пред Белгијците, додека Панама и Тунис не се конкуренција.

Мурињо смета дека Сенегал ќе биде подобар од Полска, но изненадувањето е дека Колумбија нема да оди во следната фаза ниту Јапонија

Паровите за осминафиналето, според Жозе Мурињо ќе бидат:

Франција – Нигерија
Германија – Швајцарија
Уругвај – Португалија
Шпанија – Русија
Аргентина – Австралија
Бразил – Мексико
Англија – Полска
Белгија – Сенегал.