Турскиот тим доминираше во текот на речиси цел натпревар. Уште во првиот период дојде до двоцифрена предност, што постојано ја одржуваше. На полувремето беше 49-37, а во третиот период водството на Ефес стигна и до највисоки +21.
Во последната четвртина, Русите се разиграа од 81-69, дојда на негатива од од само три поени. Во последните моменти од средбата дојдоа и до поен негатива или 87-86. Клајбурн шутираше за тројка во последните секунди од натпреварот, но не погоди, па топката заврши кај Ларкин, кој веднаш беше фаулиран. Турскиот тим на крајот славеше со 89-86.
Василије Мициќ со 25 поени беше најефикасен кај Анадолу Ефес и уште еднаш покажа дека не случајно ја доби МВП наградата во регуларниот дел од сезоната.
Вил Клајбурн со 26 поени најмногу се истакна кај ЦСКА.