Анадолу Ефес ја одбрани европската круна и е старо-нов европски првак во кошарка откако во Белград во Евролигата, го победи против Реал Мадрид со 58-57.
Триото на старо-новиот првак предводено од Василие Мициќ – Тибор Плајс – Шејн Ларкин ги даде безмалку сите поени за Ефес, поточно 52 од вкупно 58-те на мечот, а само Крис Сингелтон со четири и Брајант Данстон со два беа единствени други стрелци во тимот на шампионот.
Мициќ заврши со 23 поени, Плајс даде 19, а Ларкин додаде 10, додека кај Реал само Валтер Таварес беше двоцифрен со 14 поени.
Двата тима имаа ужасен шут за три поени, Ефес од само 25 отсто (6 од 24 шута), а Реал уште помизерен од 18 отсто (6 тројки од 33 шута).