понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Атланта и ЛА Клиперс на чекор до пласман во конференциско финале

Атланта и ЛА Клиперс на чекор до пласман во конференциско финале

Атланта поведе со 3:2 во победи против Фиалделфија, откако стигнаа до победа на гости од 109:106. На следниот меч Атланта на свој терен ќе има меч топка за да стигне до финалето на Источната конференција.

На четири минути до крајот, Филаделфија имаше предност од 104:94, а потоа следи шоу на гостите. Во решавачките минути, Јастребите направија неверојатна серија од 15:0, за водство од 109:104 и чудесна победа. Само три пати претходно во историјата на НБА плејофот еден тим успевал да се победи, ако по три четвртини имал заостанување од дури 18 разлика. Во останатите 476 случаи, победувала екипата која имала предност.

Тре Јанг со 39 поени беше најефикасен кај гостите, додека Ембид даде 37 поени и 13 скока за Филаделфија.

На гости победи и Лос Анџелес клиперс и тоа кај Јута со 119:111. Пол Џорџ беше незадржлив и заврши со 37 поени и 16 скока, додека кај Јута најпрецизен беше Богдановиќ со 32 поени. Следниот меч се игра во Лос Анџелес, а Клиперс ќе има шанса да се радова на пласман во финалето на Западот.