Екипата на Бадел 1862 поведе со 2-0 во финалето од Плеј-оф серијата во женскиот шампионат, откако со една неверојатна последна четвртина, направи пресврт, и стигна до минимален, но и тоа како драгоцен триумф против Баскет Кам 2011.
Исклучително интересниот, на крајот и драматичен натпревар, практично беше решен во последните шест минути во кои скопската екипа направи навистина неверојатен пресврт и надополни негатива од 18 разлика. Баскет Кам 2011водеше со навидум, според прикажаното натеренот, недостижни (65:47) пред Бадел 1862 да постигне 19 поени во низа. Доволни за пресврт, и за водство од (66:65).
Кризата, односно празните минути на домашниот тим, со тројка ја прекина Алексиќ за предност на домашната страна (68:66), кога останаа 45 секунди. Во следниот напад Кметовска постигна кош по офанзивен скок, за ново израмнување (68:68). А откако Тасевска не реализираше за Баскет Кам 2011, повторно Кметовска со едно слободно погодено фрлање го врати Бадел 1862 во водство од (69:68).
Во последниот напад Пуљизовиќ не успеа да погоди и да му донесе победа на Баскет Кам 2011 кој сега се наоѓа на раб на пораз во финалето. Бадел 1862 има големи, има огромни (2-0) во серијата која се сели во Скопје, каде на 18 мај (среда), е предвидено да се игра мечот брј 3 од големото финале.
Трајчевска беше најдобар играч во победничката екипа со 24 поени, 10 скока и 5 асистенции. Кај Баскет Кам 2011 каде беше видливо неиграњето на повредената Јелена Антиќ, најефикасна беше Тасевска со 20 поени, а Пуљизовиќ оствари 18 поени и 12 скока.