Македонската кошаркарска репрезентација ги прави последните подготовки пред стартот на претквалификацискиот турнир за СК 2023 година. Предводникот, Драган Бајиќ го нема на расплагање тимот кој му беше ветен, но верува во силите со кои ќе располага во битките против Словачка и Швајцарија.
„Ова што следи е најважно, имаме добра атмосфера, добра работа и морам да кажам дека верувам во овие момци и покрај тоа што можеби немаме квалитет. Знам дека тие по секој натпревар со крвави колена ќе го напуштат теренот. Полн сум со самодоверба и поради овие кошаркари, без разлика на респектот кон Швајцарија и Словачка, сигурен сум дека ќе оствариме добар резултат. Ќе се обидеме во следните денови, во последните тренинзи да ги отстраниме сите недостатоци, а потоа да ја завршиме работата и да ги поминеме квалификациите“, вели селекторот Драган Бајиќ.